Застој во енергетскиот развој и неумешно управување со отпад

  • Пишува: Горанчо Петровски, дипломиран металуршки инженер – модератор на подсектор Рударство и металургија при Сектор Енергетика во Левица

Додека светот се развива и иновира за стабилизирање на енергетските системи со истовремено справување со отпадот од граѓанството и индустријата „Македонија е во длабок зимски сон“

Последните случувања со пазарот и достапноста на енергија во Европа и најавите за потпишување на договор за целосно затворање на македонските термоелектрани до 2050 година, од страна на предавничката влада на Република Македонија и нестручните полтрони во соодветните државни институции, води кон загрижувачка состојба и неизвесна иднина за граѓаните и индустриските субјекти во стабилноста на електроенергетскиот систем и цените на енергенсите.

За стабилно да функционира електроенергетскиот систем мора да има функционално вградени базни извори на електрична енергија (термоелектрани и нуклеарни електрани) и да биде дополнувано со хидроелектрани и обновливи извори на електрична Енергија. Современите економии водат голема грижа за стабилноста на ваквите системи. Насоките на развој и иновирање се движат во повеќе комбинирани правци за добивање и искористување на енергијата добиена од сите расположливи енергенски извори и технологии.

Република Македонија располага со три термоелектрани како базни електроенергетски капацитети од кои термоелектраната во Неготино во електроенергетскиот систем на Република Македонија после подолг временски период беше вклучена во измината 2023 година. Како енергенси во термоелектраните ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј се користи лигнит (нискокалоричен јаглен) додека во ТЕЦ Неготино мазут. Резервите на лигнитот во Република Македонија се во мали количини, а мазутот кој во првата замисла кога е градена ТЕЦ Неготино бил продукт од работењето на тогаш НАШАТА Рафинерија ОКТА во моментот се набавува на слободен пазар по релативно високи цени.

Изминативе години околу нашите ТЕЦ се нижат голем број на афери и правење на огромни финаскиски и еколошки штети:

  • користење на нискоквалитетен мазут, а се споменува и мешање на искористено моторно масло и трансформаторско масло,
  • користење на нискокалоричен лигнит од ископите во Суводол, набавка со сомнителен јавен тендер од Албанија и мешање на лигнитот со мазут и отпадни масла и мазива за подигнување на калоричната моќ на засипот за согорување.

Последните најави за потпишување на договорот за целосно затворање на базните ТЕЦ уште повеќе ја зголемува загриженоста на стручната јавност. 

Покрај развивањето на современи и високо безбедни мини и средно големи нуклеарни термоелектрани во Европа и светот сé повеќе се иновира и инвестира во термоелектрани на алтернативно гориво – РДФ и РСФ  отпад (комунален отпад и согорлив технолошки отпад од лесна индустрија.  https://off.net.mk/vesti/biznis/goriva-dobieni-vo-procesot-na-prerabotuvanje-na-otpad-rdf-i-srf-i-koi-se-razlikite,  https://www.ahkgroup.com/difference-between-rdf-and-srf/ )

Со ваквиот концепт на развој и инвестирање во современите ТЕЦ се постигнуваат решавања на ДВА најголеми проблеми на современото потрошувачко опшество:

  • вечниот недостаток на енергија и 
  • справување со сé поголемиот проблем на стварање на отпад и депонирање на истиот.

Современиот начин на живот создава сѐ поголеми количини на отпад и современиот свет се стреми кон комплетно селектирање на собраниот отпад, максимално рециклирање и реискористување, а термоенергетското искористување е последен процес во искористување на материјали кои не може да се реупотребат.

Ваквите термоелектрани се дополнети со современи системи за отпрашување на излезните гасови и апсорбирање на сите штетни материи кои настануваат во процестот на термичко разложување пред да бидат испуштени во атмосферата. (https://www.facebook.com/reel/377265721640469 )

Пореди ограничените ресурси со енергенси за постоечките ТЕЦ во Република Македонија може да се направат почетни чекори за инвестирање во парни котли на РДФ и РСФ отпад  во самите ТЕЦ и соодветна супституција на постоечкиот начин со согорување на лигнит со согорување на отпад. 

Со ваквата замена ќе се спречи потребата од увоз на лигнит и мазут од странство по многу високи цени. ТЕЦ–овите ќе се направат да може да работат со комбиниран режим и со помош на природен гас. Во иднина се очекува да се изведе целосната гасификација на Македонија. Ќе се реши и моментално најголемиот проблем со депонирањето на комуналниот и технолошкиот отпад во Република Македонија и создавањето на еколошките бомби од диви депонии на разни локации. Со овој начин на справување на создадениот отпад, потребните количини на инертен отпад за депонирање ќе се намали за минимум 80%. Доколку се направат дополнителни инвестиции во некои од постоечките ТЕЦ вредноста на инвестициите може да се намали за повеќе од 50% по агрегат.