Знаци на граѓанска војна во САД: Тексас против режимот на Бајден!

Најголемата сојузна држава во САД, Тексас, прогласи воена состојба и покрај наредбите на федералните сили да ја отстранат бодликавата жица од јужната граница на САД.

Гувернерот го активираше членот 1, оддел 10, став 3 од Уставот на САД, кој дозволува прогласување на воена состојба во државата и која може да функционира без оглед на ставот на федералната влада во Вашингтон.

Вицегувернерот на Тексас, Ден Патрик, го предупредил американскиот претседател Џозеф Бајден за судир со безбедносните сили и побарал тој да се тргне од патот, пренесува новинската агенција на САД, Fox News.

„Најголемата грешка што администрацијата на Бајден може да ја направи е да се спротивстави на полицијата, нашата војска и Националната гарда кои се на нашата граница и го прават она што го сака американскиот народ“, изјави функционерот. Според него, Тексас ја поздравува секоја помош од другите држави.

– Ако Џо Бајден ни се тргне од патот, ние ќе си ја завршиме работата и ќе ја обезбедиме границата. Не ни требаат – додаде тој.

Гувернерот Грег Абот пак, рече дека има „инвазија“ на мигранти и дека се во сила заштитни мерки. Според него, Тексас ќе води своја политика бидејќи федералните власти не се занимаваат со безбедноста на границите.

Сојузната држава Тексас презема сопствени мерки за борба против илегалната имиграција. Еден од нив беше законот со кој се дозволува апсење, гонење и затворање на осомничените за нелегално преминување на границата, како и нивно депортирање од државата по судска наредба. „Тексас ќе продолжи да ги проширува граничните бариери“, бидејќи Тексас е под окупација на имигранти, а Бајден не го почитува законот:

„Претседателот предизвикува прилив на мигранти не само во Тексас, туку и во Аризона, Калифорнија, па дури и до канадската граница. Затоа, ќе ја обезбедиме границата, бидејќи немаме претседател кој би ги спроведувал американските закони“. Гувернерот на Оклахома рече дека ја испраќа Националната гарда да му помогне на Тексас, и покрај забраната од страна на Вашингтон.