ДПМНЕ остави без пари 1300 семејства поради хировите на Мицко со Данела

  • Соопштение на Левица – Град Скопје

Денеска на вонредната седница на Советот на Град Скопје, за еден глас поради негласањето на советниците на ДПМНЕ не беа исплатени субвенциите за ЈСП, со што работниците и нивните семејства останаа на цедило, без пари и понижени.

Советниците на Левица веднаш ќе побараат нова вонредна седница за да не бидат жртви работниците на буржоаските хирови на раководството на ДПМНЕ, затоа што не можат политичките желби на отуѓената елита да ја диктираат мизеријата на луѓето.