Апасиев: Албанците бегаат од ДУИ, не од Македонците
Во интервју за „Лазаров поткаст“ кое вчера ги сруши рекордите во гледаност, лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев зборуваше за негативното влијание на ДУИ во Македонија врз албанското малцинство:
„Најголемиот проблем ДУИ им го прави на сопствените, на Албанците во Македонија. Во Шипковица, во време на Југославија имало десет паралелки. Сега има две. Од арно кој бега? Таму се мнозинско малцинство Албанци, значи тие бегаат од ДУИ, не од Макдонците. Нема пример во Македонија, кадешто Албанец бега од Македонец. Тие бегаат од ДУИ.“