Успехот на европското ракометно првенство на Фарските Острови не е случајно – Може да учиме од нив каков систем треба да се воведе во спортот

  • Ставн на Наташа Стефановска – Координатор на Левица – Сектор спорт


Периодов Македонската ракометна репрезентација настапува на Европското ракометно првенство и од досега два одиграни натпревари против Франција и Германија имаме два порази. Како и за време на секое ракометно првенство така и сега, по поразите цела македонска нација стануваат ракометни експерти и си дозволуваат да навредуваат и понижуваат и тренери и играчи. Но, дали за тоа се само виновни играчите и тренерите или има нешто повеќе во поразите кои Македонската ракометна репрезентација ги претрпе?!


Зошто не се гледа вината во системот во Македонија, односно што тоа државата прави за да имаме врвен спорт? И, зошто неколку години во еден спорт сме горе и сме успешни и одеднаш немаме сили да продолжиме на нижеме успеси во нагорна линија?


Фарските острови како едно големо изненадување за сите нас изиграа одличен ракомет со одличната Норвешка кој натпревар заврши со нерешен резултат, но сепак нивната борбеност до крај, техниката, тактиката не останаа незабележани. Тоа не е случајно, бидејќи Фарските острови имаат систем на работа уште од предучилишна возраст, ги негуваат и подучуваат талентите, ги спремаат за големи натпреварувања и вложуваат во нив со тоа што ангажираат о странски но и домашни експерти кои сериозно работат во спортот. Во случајов, во ракометот – се работи од 5 годишна возраст со деца кои потоа стекнуваат спортски навики и стануваат сериозни спортисти! И, не само во ракометот, тоа е случај во сите спортови.


Македонија, од сите поранешни Југословенски земји е единствената која стои во место кога се работи за успеси во спортот! Зошто државата сака системски да го уништи спортот? Доказ за тоа се и новите измени во Законот за спорт согласно кои 25% од ваучерот може да се исплати на странци и странски експерти во спортот. Зошто не се јакнат и поддржуваат домашните спортисти? Спортска нација е јака нација. Мојата порака е да ги менуваме работите во државата и да не дозволиме системски да ни го уништат спортот!