ДСП Ленка: ДПМНЕ секогаш работи против интересите на македонсиот народ и држава

  • Од Движењето за Социјална Правда ЛЕНКА вчера споделија објавија во која потсетуваат на бројните разочарувања кои партијата ВМРО-ДПМНЕ ги приреди на македонскиот народ, ретерирајќи од сопствените позиции за кои се претставува дека ги заштитува, нанесувајќи огромни и трајни штети на Македонија. Во прилог ви го пренесуваме текстот од оваа објава.

ДПМНЕ, извисувајќи ја македонската армија, во соработка со потикнувачите и поддржувачите на агресорите, 2001 година го потпиша Охридскиот Рамковен Договор. А потоа, додека учесниците на страната на агресорите се закачија на државна цицка, бранителите на Македонија беа извисени и остваени на милост и немилост на забот на времето;

ДПМНЕ, го бојкотираше референдумот за Законот за територијална поделба, со која поделба Македонија дефакто се подели по етничка линија и државата изгуби контрола над териториите од западна Македонија;

ДПМНЕ, прифати изборен модел во 6 изборни единици каде дефакто албанците добиваат повеќе гласови на тој начин што изборните единици се етнички скроени;

ДПМНЕ, на Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, и покрај тоа што имаше доволен број на пратеници (63!) сепак коалицираше токму со ДУИ, и заедно со оваа партија, која ни тогаш како ни сега, не е ништо освен политички продолжена рака составена од преводниците на агресијата врз Македонија во 2001 година, дополнително го расцепи суверенитетот и интегитетот на Македонија;

Во време на владеењето на ДПМНЕ во коалиција со ДУИ, на илјадници косовари им беа доделени државјанства со што драстично се промени етничката структура во Македонија и со тоа дополнтелно се загрози безбедноста во државата;

Токму во време на владеењето на ДПМНЕ 2008-ма година, кога министер за надворешни работи беше Антонио Милошоски, владата предводена од ДПМНЕ ја призна независноста на Косово;

ДПМНЕ беше и се’ уште е партијата која ги спроведува инетересите на терористичката организација НАТО, интереси кои се во директна спротивност со националните инетереси на Македонија и македонскиот народ;

ДПМНЕ, поддржувајќи го Преспанскиот договор со кој беше променето државното име, и со кој Македонија се откажа од своето малцинство во Грција како и своето право на негувањеи афирмација на античката историја, и договор со кој дефакто Македонија и формално беше запоседната од терористичката воена организација НАТО, ДПМНЕ е даде дури 8 пратеници за поддршка на овој предавнички договор за македонскиот народ и држава. Претениците од редовите на ДПМНЕ кои гласаа за овој договор беа: Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова и Даниела Рангелова;

ДПМНЕ, за да си ги заштити своите партиски интереси ги изгоре уставобраните кои за протестите на 27-ми април добија пресуди кои им ги уништи нивните животи и животите на нивните фамилии и блиски – ДПМНЕ од секогаш ги жртвувала синовите на Македонија за своите партиски и лични интереси на раководството;

И на крај, ДПМНЕ еднаш СЕ НЕМА СПРОТИВСТАВЕНО НА РАЗНИТЕ СТРАНСКИ АМБАСАДОРИ И ПРАТЕНИЦИ кои јавно мешајќи се во внатрешните работи на Македонија пропагираат политики крајно навредливи и во суштина анти-македонски – Еве сега, ДПМНЕ, преку нивниот мегафон, Наум Стоилков, има шанса да го направи тоа и да ја осуди изјавата на германската амбасадорка во Скопје, која пропагира промена на Уставот!