Изложбата „Културното наследство во охридскиот регион“ во Охрид отворена за јавноста до крај на јануари

Како дел од проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД“ на 22-ри декември 2023 година, во музејот „Куќа на Робевци“ ја отвори изложбата „Културното наследство во охридскиот регион“, која ќе биде достапна за рагледување до крајот на јануари 2024 година.

Изложбата има за цел да ја запознае јавноста со значењето на културното наследство во Охридскиот регион и да го зголеми степенот на промоција на истото.

Во текот на следните месеци, во рамки на проектот предвидено е одржување на едукативни работилници за ученици и студенти, како и изработка на дигитална брошура за локалитетот Самоилова Тврдина и QR код кој ќе се постави на информативната табла пред самиот локалитет.