Во новиот оглас на национални шуми – подружница „Бигла‘‘ Демир Хисар нема место за Македонци
- Реакција на Левица Демир Хисар
Деновиве ЈП Национални Шуми објави јавен оглас за над 300 работни места ширум подружниците во Република Македонија. Освен тоа што овие огласи служат како предизборен поткуп, апсурдот оди до таа мера што главниот критериум за апликантите е тие да НЕ БИДАТ Македонци, туку Албанци, Срби, Власи, Турци и сл.
Такви се и 12-те работни места во Подружница ,,Бигла” Демир Хисар каде НЕМА место за Македонци, односно оние кои аплицираат за работните позиции МОРА да се Албанци, Срби, Турци или Власи.
Ако до сега стекнатото образование и искуство беше во споредна улога а главен критериум за вработување беше членска книшка на СДС и ДПНЕ, сега главен услов е да си се освен МАКЕДОНЕЦ!
Левица најстрого ја осудува ваквата дискриминација и е против било какви критериуми кога е во прашање националната, верската или полова припадност.
Оттука и нашето прашање до надлежните:
Дали ова е уште едно коленичење на СДС пред великоалбанските апетити на нивните коалициони партнери од ДУИ или ова се прави со цел македонците индиректно да бидат приморани да менуваат национална припадност за да се вработат?