Објавена книгата „Духовен мост Нови Сад – Скопје“
Во издание на Друштвото на писатели од Нови Сад, Војводина, излезе од печат книгата „Духовен мост Нови Сад – Скопје“, информира писателот Христо Петрески.
Тој појаснува дека книгата е панорамски преглед на 27 новосадски и 22 скопски поети. Изборот од вкупно 49 автори го направиле Петрески и Зоран Ѓериќ и Наташа Бундало Микиќ од Војводина.
Во луксузното двојазично издание меѓу другите се вклучени: Владимир Мартиновски, Кристина Николовска, Елена Пренџова, Васил Тоциновски, Виолета Танчева – Златева, Мирослав Алексиќ, Благоје Баковиќ, Игор Мировиќ, Селимир Радуловиќ, Ненад Шапоња и други.
Покрај песните преведени на српски и македонски јазик, објавени се и фотографии и библиографски белешки за застапените поети.