Петров: Наместо за 300 денари, цената на тутунот зголемена за 30 денари

  • Став на Никола Петров – Координатор на Лрвица – Земјоделски Сектор

Синоќа ПиАр министерот Николовски излезе со “бомбастична” вест дека е постигнато зголемување на откупната цена на тутунот од страна на Тутунски Комбинат Прилеп, зголемување од цели 10% ( со букви: десет проценти), и истиот ги повика и другите откупувачи да го следат примерот на Тутунскиот Комбинат Прилеп.

Во реалност ова зголемување ќе значи од 300 на 330 денари за килограм тутун прва класа, зголемување кое не е ни приближно на барањата на тутунопроизводителите за цена од 600 ден за килограм тутун прва класа. Но лицемерието на ПиАр министерот Николовски и крупниот капитал манифестиран во откупните претпријатија е дека ниту еднаш не седнаа на заедничка маса со тутунопроизводителите за да заедно се договорат за откупната цена.

Со самото тоа што ПиАр министерот Николовски ги повика и другите откупни претпријатија да го следат примерот на Тутунскиот Комбинат Прилеп и да ја подигнат цената за 10%, им ја ускратува можноста на тутунопроизводителите да се договорат за повисока откупна цена од некој друг откупувач.

Целосно ги поддржувам тутунопроизводителите во нивните барања за исплата на реална откупна цена на тутунот, и ги повикувам да не наседнуваат на овој ефтин маркетиншки трик на министерот во заминување Љупчо Николовски.