(Видео) Уште некој верува дека ДПМНЕ нема да коалицира со ДУИ?
Трета опција објавија видео на кое новинарот Горан Момировски во емисијата „Само вистина‘‘ на Канал 5, јавно кажува дека не му сметало влада со ДУИ.
Тие додаваат: „На новинарот Момировски не му сметало влада со ДУИ, ама затоа му смета Левица да гостува во Алфа‘‘. Истиот новинар е водител на емисијата „Заспиј ако можеш‘‘ на Алфа ТВ, телевизија која важи за една од главните ширачи на пропагандата на ДПМНЕ и која ја цензурира Политичката Партија Левица заедно со другите телевизиски куќи вклучително и Канал 5.
Има уште некој што верува дека дпмне нема да коалицира со ДУИ?