АктуелноЛокално

Јанчев: Патот на Џафери до премиерското столче е поплочен од ДПМНЕ и СДС

  • Изминатава седмица покрај бројните скандали кои беа објавени во јавноста, веста која привлече најмногу внимание е дека џелатите на оваа држава ДУИ, ќе добијат премиер, а функцијата ќе ја обавува амнестираниот терорист од воени злосторства за време на владеењето на Груевски, Џафери. Ова наиде на многу негодувања и коментари во јавноста, во прилог ви го пренесуваме ставот на Саше Јанчев, член на ЦК на Левица.

Таљат Џафери за време на масакрот кај Вејце е дежурен командант во касарната во Тетово, веднаш потоа дезертира од АРМ и притоа краде униформа и оружје. Потенцијално на глава му тежи командна одговорност за дејства од 2001.

И ДПМНЕ прво го амнестираа, а па потоа го направија министер за одбрана. Потоа СДС го направија претседател на Собранието, а сега ќе го прават премиер.

И дур го прават ова, по штабови продаваат бајки. Во ДПМНЕ на членовите им викаа патриотски е ние да се договориме со ДУИ оти СДС ќе направи поштетен и попредавнички договор. Во СДС на членовите им викаа мора да заборавиме на минатото за да се направи прогрес, за да одиме напред, ова е едно опшЕсво за сите.

Најпрогресивна и најпатриотска работа шо може да се случи е да исчезнат ДПМНЕ и СДС.