АктуелноЛокално

Фестивал на класична и нова музика во Салон 19:19 во КИЦ

На 12 декември (вторник) во  Салон 19:19 во Културно информативниот центар Скопје со почеток од 19:19 часот започнува Фестивал на класична и нова музика. Фестивалот ќе трае два дена.

Фестивал во 19:19 е нов проект на културно информативниот центар Скопје, чија тенденција е да прерасне во традиција. Фестивал во 19:19 е фестивал на класична и нова музика, практично сѐ она што стилски опфаќа музичкиот сектор на центарот. Фестивал во 19:19, логично, се одржува во Салон 19:19 и секако започнува во 19:19 часот.

19:19 како име и идентитет на на салонот, ќе го користиме како симбол на постоењето на овој фестивал чиј формат, се надеваме, ќе се развива низ годините. Започна случајно, а како прва година ќе биде загревање и обликување на фестивалот, или процес на проценка, во што би требало да прерасне во следните години.

На 12.12.2023 (вторник) ќе настапуваат :

ДУО „ГЕЛЕБЕШЕВИ“

ДУО „ВЕЈСЕЛИ/БАФТИЈАРИ“

AMPLIDYNE EFFECT & AXIOTOMIC

На 13.12.2023 (среда) ќе настапуваат :

 ЕЛЕГИЧНИ ПЕСНИ И МЕЛОДИИ СО ТРИО ИМЕРИ/AРИФОВСКА/КАЦАРСКИ

КАЛАТА

 IMPROOF

 Влез слободен

 Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028