Апасиев побара ден на жалост наместо лидерска

  • Вечерва во медиумите одекна веста дека исчезнатата Вања Ѓорчевска која има само 14 години е убиена, дополнително беше потврдено дека е убиено и 74-годишниот фризер Панче Жежовски. Лидерот на Левица сподели статус во кој бара одговорност за случајот, поради двојното убиство побара да биде прогласен ден на жалост и да биде одложена лидерската средба, за која како што кажа, доколку е утре нема да оди. Во продолжение ви го пренесуваме неговиот став:

„Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на ЛИДЕРСКА за датум за избори!

Поради ова, јас како претседател на Левица го ОТКАЖУВАМ моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ).“