Промоција на книгата “Кадуцеј и Лира” од Сузана В.Спасовска во КИЦ

Во вторник 5 декември, со почеток од 19 часот, во Салон – Империјал 2 на Културно информативниот центар – Скопје, ќе биде промовирана книгата „Кадуцеј и лира“ од Сузана В.Спасовска.

Промотори на настанот ќе бидат: Ана Димишковска и Гоце Смилевски. Стихови ќе интерпретира актерката Софиа Насевска-Трифуновска. На настанот со музичка придружба на харфа ќе настапи Мерсиха Шукри.

Сузана В. Спасовска (1972) досега објавила седум стихозбирки, една студија за слободниот стих и една антологија на поезија од млади автори. Нејзини песни се објавувани во некои од изборите на македонската современа поезија. Пишува книжевнотеориски текстови и работи како професионален лектор и предавач по македонски јазик на Американ колеџ – Скопје.