Лавров: Македонија со години е условувана со понижувачко име, а претседател во Собранието се слика со албанско знаме

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска имаше најпосетена прес-конференција на Самитот на ОБСЕ во Скопје.

На прашање за македонско-бугарските односи Лавров истакна:

Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји. Би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави.

Лавров оценува дека Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот и од исти причини и Македонија е понижувана:

„Коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а сега го измислија ова „Северна“ Македонија. Се сеќавам и дека претседател на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во неговата канцеларијата во македонскиот парламент.“

Лавров на прес-конференцијата повеќепати кажа Македонија и Македонците, без навредливото „Северна“.

„Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ. Овде сум два дена, го гледам вашиот народ на улиците, во хотелот. Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон вас“, истакна Лавров.