АктуелноЛокално

Сопруга на вработен во амбасадата на САД избрана за директорка на ОТА од коалицијата на ДПМНЕ, СДС и ДУИ

По речиси три месеци без прв човек, Оперативно техничката агенција (ОТА) од денеска има нов директор откако Собранието ја избра Марија Јаническа на оваа функција.

Од вкупно 93 пратеници, колку што беа присутни во пленарната сала на законодавниот дом кога се одлучуваше по оваа точка на дневниот ред, сите гласаа за изборот на Јаническа, а таа ја доби поддршката од пратениците според Бадентеровиот принцип. Со ова гласање, уште еднаш се потврди широката коалиција на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ.

Претходно, собраниската Комисија за изборите и именувањата, исто така во духот на заедничката коалиција, едногласно го усвои предлогот таа да биде избрана за директорка на ОТА, а за предлогот минатата недела за дискусија не се јави ниту еден пратеник да дискутира на оваа тема.

Во јавноста претходно протекоа информации и обвинувања, дека новоизбраната директорка на ОТА, која во пракса го контролира и прислушкувањето во државата, е избрана по сугестија на амбасадата на САД во Скопје. Според објавите кои кружеа на социјалните мрежи, од ДПМНЕ имале свои предлози, но по „сугестијата“ добиена од амбасадата, без дискусија прифатиле Марија Јаническа, сопруга на вработен во амбасадата, да го добие ова директорско место.