Левица: Политиката на подаништво ја вовлекува државата во војна
- Реакција на Левица – Сектор за Надворешна политика
Целосната зависност на надворешната и безбедносната политика на Македонија го потврди новиот акт на подаништво кој деновиве го соопшти Министерката Славјанка за обучување на украински војници во нашата држава. Анти-народната Влада на СДС и ДУИ, овозможила обука на украински војници во Македонија, со што уште еднаш директно ја вовлекуваат државата во конфротација со земја членка на Советот за безбедност.
Ова е само уште еден доказ дека насилното вовлекување на земјата во НАТО, нè прави потенцијална мета, заради остварување на интересите на трети држави а на огромна штета на Македонија. Имајќи ги во предвид капацитетите на АРМ, се отвораат следниве прашања: „Kој ја вршел целата оваа обука“, и „Дали странски безбедносни структури ја спроведувале целата обука?“.
Несомнено е дека Македонија нема апсолутната никаков интерес од вмешување и учество во воени дејствија кои се директна последица на империјалистичката политика која ја води Колективниот запад. Уште поизвесно е дека последиците, особено со политиката на санкции, ги плаќаат македонските граѓани, кои се манифестираат преку вртоглавата инфлација во сите сфери на економијата, проследени со хронична енергетска и социјална криза.
Молкот за вазалската надворешна надворешна и безбедносна политика на ДПМНЕ, е само поддршка и ветар во грб, за продолжување на истата од Владата на СДСМ и ДУИ. За чии интереси одработува врхушката на „политичката елита“?