Апасиев: Судиите од тефтерот на ДПМНЕ ги штитат криминалите на СДС
- Вчера пратеникот и лидер на Левица гостуваше со емисијата на А1.он, каде зборуваше за актуелните случувања во Собранието. Во еден дел на емисијата тој беше запрашан за неговите видувања околу тоа како функционира судството во државата, кое важи за државен институт со најниска доверба кај граѓаните. Во прилог ви ја пренесуваме неговата изјава:
Оној кој се нафатил да биде биран од тефтерче пиши му крст на тој. Врмроовците така мислеа дека они ќе ги стават и они цел живот ќе судат за нив. Не! – Видовте се промени власта во првиот момент тие им свртија грб и после си судеа за СДС.
Значи тоа се луѓе без дгнитет, без карактер, луѓе кои не ги знаат во фелата буквално анонимуси ние имаме чиновници од министерство за правда кои ни стануваат уставни судии и никој не ги знае во фелата. Мислам дека полошо не било никогаш во судството и затоа оваа доверба од два посто, толку е капацитетот.
Меѓутоа со системски реформи мислам дека за еден мандат ќе се доживеат вистински промени кои ќе бидат видливи и опипливи. На пример губиме пресуда пред Стразбург и никому ништо, никој не го боли уво дека државата плаќа оштета. Губи на реноме, не има во извештаи, истите судии повторно пак си судат исти, наместо да биде кој изгуби судија во Стразбур цел совет кој го донел од Основен до Апелационен преку Врховен си одите дома, одете работете адвокатура, нотаријат што сакате, не ве бива за судии.
Тоа е независна инстанца нема таму ама ќе подметне,овој е од Струга , овој е од ДУИ, нема такво. Има објективни критериуми или тип на пресуди, значи колку ти се паднати на Апелација, бодување и сл. Значи малце конфуцијански, еден систем на прегледи, а не вака кој што сака да прави.