АктуелноЛокално

(ВИДЕО) Драма во Собрание: Крмов од Левица му го искрши компјутерот на спикерот, Апасиев го гаѓаше Мисовски со амандмани

Револтиран од тоа што Собранието ги отфрли амандманите на Левица поднесени во однос на измените на Деловникот, пратеникот Борис Крмов збесна на говорницата и барајќи да се прекине седницата, го искрши мониторот на пултот на кој седеше потпретседателот Горан Мисовски кој ја водеше седницата во тој момент.

– По член 152 нашите амандмани не се ни доставени, по кој основ се отфрелни, немаат ни архивски број, мора да ја прекинете седницата мора да има ред во ова Собрание. Прекинете ја седницата, ова на ништо не личи, што сакате – рече Крмов.

Крмов почна да фрла со амандманите и фрлаше чаши, потоа почна да гокрши мониторот од компјутерот на Горан Мисовски.

– Има ли тука пратеници или што сакате ќе правите, прекинете ја седницата – додаде Крмов.

Апасиев му се придружи на говорница и почна да мава кон Мисовски со листовите на кои имаше над 2000 амандмани.

Мисовски мораше да даде пола час пауза.

„На пленарната Седница во Собранието се наоѓаат предлог измените во Деловникот за работа на Собранието, согласно кој, се дава апсолутна моќ на владејачкото мнозинство и практично се укинува опозицијата“ напиша претходно пратеникот Крмов на социјалните мрежи и додаде дека коалицијата на СДС-ДПМНЕ-ДУИ се спремаат за физичка пресметка е спремна на физичка пресметка и насилно да го донесат Деловникот на Собранието.