(Видео) Прекината седницата за измени на Деловникот

Вистински хаос се случуваше на денешната седница на Собранието на која требаше да се гласа за измените на Собранискиот деловник.

Откако Талат Џафери се одлучи да преку 2 илјади амандмани за измените на Деловникот фигуративно да ги фрли во канта, претседателот на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот на Левица, Борислав Крмов буквално ја демолираа Собраниската сала гаѓајќи го потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски со амандмани

На овој начин двајцата пратeници на Левица успеаа да го спречат понатамошниот тек на собраниската седница.

Претходно 82 пратеника гласаа против тргање на оваа точка од дневниот ред што значи дека денеска ќе бидат донесени измените на Деловникот. Ова уште еднаш покажува дека ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се во тесна соработка и имаат заеднички интерес, а соогласно измените во Деловникот тој интерес е едноумие.

Во гостувањето во Инфомакс, Апасиев изјави „Понудената промена на Деловникот која власта и опозицијата сакаат насилно да ја протуркаат во Собрание е крајно штетна и опасна, ги претвора пратениците во чиновници, а се воведува двојазичност во Собранието и одиме кон дводомен парламент“.

Апасиев констатираше дека доколку се спроведат вакви измени во деловникот, пратениците нема да имаат никаква политичка моќ.

Новиот Деловник предвидува да бидам краток и јасен за пунликата, озлогласеното ЕУ-знаменце во иднина ќе биде за сите пратеници, џабе имате и 10 и 20 пратеници нема да можат да го блокираат Собранието. Собранието станува фабрика за закони, редовната постапка ќе биде како сегашната постапка со ЕУ-знаменце. Затоа мораме да бидеме со Борис во Собрание.

Со ваквите одредви, практично секој закон ќе биде донесен со ЕУ знаменце, амандманите нема да се разгледуваат, а филибастерингот како демократска алатка на опозицијата нема повеќе да постои, додаде лидерот на Левица.

И 500 и 1000 амандмани да поднесеш ништо, тоа ќе значи џабе имаш опозиција, штанцање на сите закони. Ние блокиравме првиот пат кога сакаа да работат од дома, потоа личните карти со етничка припадност, платите на судиите… Многу штетни закони кои ние ги блокиравме во иднина нема да може да се блокираат. Пратениците се претвораат во чиновници, се убива дуот на демократијата.