(Видео) Исмаил: ЈСП да раскрсти со приватниот интерес и со агенциите за привремени вработувања
- Говор на Реџеп Исмаил – Хактан од Левица во Советот на Град Скопје:
,,Проблем е кога тимот за односи со јавност на ЈСП заедно со раководството пробува да прикаже идеална слика за состојбата во ЈСП, додека ние сега се наоѓаме на седница од итна важност за доделување на нови субвенции за претпријатието кои ќе му овозможат да функционира во наредните неколку месеци. Тоа значи дека претпријатието го приклучуваме на апарати.
Раководството на ЈСП треба да биде далеку потранспарентно пред граѓаните и Советот, бидјеќи го воочуваме расчекорот во работите.