Дедоларизацијата продолжува – Доларот ослабен во однос на другите валути
Во Азија Цените на акциите се зголемија, а доларот ослабе во однос на кошницата валути додека инвеститорите чекаат извештај за американската инфлација што може да влијае на насоката на пазарот. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,4 отсто околу 19 часот. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,2 отсто. Во Хонг Конг, сепак, тие благо паднаа.
„Податоците за инфлацијата, како и податоците за вработеноста, се главни двигатели на финансиските пазари долго време, бидејќи покажуваат што може да направи ФЕД. Пазарот проценува дека ФЕД нема повторно да ги зголеми каматните стапки, но тоа да биде вистина , инфлацијата мора да продолжи да слабее“, објаснува Мет Стаки, портфолио менаџер во Northwestern Mutual Wealth Management Company.
Акциите беа поддржани од надежите за напредок во преговорите за отворените економски прашања меѓу САД и НР Кина на состанокот оваа недела меѓу претседателот Џо Бајден и Си Џинпинг во Сан Франциско.
И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна. Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,80 поени. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,21 отсто, на 82,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 78,40 долари.