До сега израелските сили убија над 10 000 луѓе во Газа

Појасот Газа е претворен во долина на крвта. Над 10 000 луѓе се убиени на територијата од почетокот на израелската воена агресија која започна пред еден месец, објави палсетнскиот прмеиер Мохамед Штајех. Мохамед Штајех сопшти дека израелската војска извршила едно од најтешките бомбардирања на градот Газа во текот на вчерашната ноќ, при што загинале најмалку 200 лица.

Израелската армија пак соопшти дека нејзините војници ја презеле контролата врз базата на Хамас во градот Газа и сега практично го поделиле Појасот на северен и  јужен.

Израел почна да ја бомбардира Газа откако Хамас уби повеќе од 1.400 луѓе во Израел и киднапираше повеќе од 200 Израелци и странци. Премиерот Нетањаху порача дека нема да има пауза во воените операции додека не бидат ослободени заложниците.

Од попладнево граничниот премин Рафах помеѓу Египет и појасот Газа повторно е отворен за евакуција на странски државјани и тешко повредени Палестиннци. На листата за напуштање на Газа е и макеоднскиот брачен пар соопшти шефот на македонскаат дипломатијата Османи.