Хамнеи: Бeз поддршка од САД, Израел ќе биде замолчен за неколку дена
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, чија земја ги поддржува палестинските милитанти Хамас во нивната борба со Израел, оцени дека „ционистичкиот режим станува беспомошен и збунет“.
Во објавата на платформата Х (Твитер), на хебрејски, тој изјави дека израелската влада го „лаже“ својот народ, кога изразува загриженост за заложниците што ги држи Хамас во Газа, а во исто време ги гранатира областите каде што би можело да бидат држени.
„Бeз американска поддршка, Израел ќе биде замолчен за неколку дена“, смета Хамнеи, пренесува Тајмс оф Израел. Согласно неговата изјава, многумина можат да заклучат, дека зад воените злосторства, масовното убивање на недолжни цивили, жени и деца, освен оружјето, стои секаква друга поддршка за Израел од страна на САД. Во таа насока оди и гласањето на САД во Генералното собрание на ООН, за резолуцијата која повикува на заштита на цивилите и почитување на основните човекови права, „Против“ која гласаше најголемата демократија во светот.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан во средата предупреди на „тешки последици“ доколку продолжат израелските напади врз Појасот Газа. Претходно, иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека потезите на Израел „ги преминааа црвените линии, што може да принуди многумина да преземат акција“.