Иранскиот претседател Раиси ја посети Индонезија, и објави договор за отфрлање на доларот

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси при посетата на Индонезија изјави дека Техеран и Џакарта одлучиле да престанат да го користат доларот во нивната билатерална трговија.

Стоејќи до неговиот индонезиски колега Џоко Видодо на телевизиска прес-конференција во Џакарта, Раиси изјави дека двете страни сега треба да ја користат иранската национална валута, ријалот и индонезиската рупија за да го заменат конвенционалниот американски долар во нивните економски односи.  

Напорот за дедоларизација се исплатеше, рече иранскиот министер за финансии во претходна изјава, тврдејќи дека присуството на американската валута во меѓународната трговија во Техеран се намалило на дури 10%.  

За време на посетата на Раиси, Техеран и Џакарта потпишаа и 12 меморандуми за разбирање, вклучително и еден кој се фокусира на преференцијалната трговија и друг кој поставува безвизен режим за олеснување на патувањето за двете нации. 

„Санкциите и заканите не успеаја да го блокираат патот на Иран“, рече Раиси на прес-конференцијата. Иранскиот претседател додаде дека Техеран ги „приоритизира“ односите со исламските земји, посочувајќи ги заедништвото со Индонезија, како што е „заедничката посветеност да се поддржат правата на Палестинците до ослободувањето на светиот Ал Кудс“.