Левица: За Тренчевска 78% зголемување на платата – За пензионерите 6% зголемување на пензиите

  • Реакција на Политичката партија Левица

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не пропушта прилика да ги потсети пензионерите дека им следува ново покачување од 6% на пензиите во септември, ниту пак штеди пофалби во однос на тоа дека ова е најголемо покачување на пензиите до сега.

Министерката, која што неодамна доби покачување на платата од рекордни 78%, тврди дека покачувањето од 6% на пензиите е доволно за пензионерите да можат да ги задоволат своите животни потреби?!

Апсурдно е, во услови кога Владата ги одмрзна цените и се очекува ново зголемување на основните прехрамбени продукти, а потрошувачката кошничка изнесува над 50.000 денари и се повеќе граѓани тонат во сиромаштија и не можат да ги задоволат ниту основните потреби, министерката Тренчевска ова ПОНИЖУВАЧКО покачување од 720 денари, да гоприкажува како успех на владината социјална политика!

Очигледно е дека ниту Тренчевска, ниту другите министри во оваа ненародна Влада, имаат чувство како е да се преживее месецот со 12.000 денари, колку што изнесува најниската пензија.

Потсетуваме дека согласно новата Методологија за усогласување на пензиите, пензионерите ќе добиваат зголемување на пензиите два пати годишно во март и септември. Зголемувањето ќе биде процентуално исто за сите, односно сите ќе добијат зголемување од 6,8 % – со што зголемувањето на пензијата ќе зависи од висината на самата пензија, каде повторно оние со најголеми пензии ќе добијат најголемо зголемување.