Локално

Левица заедно на протест со стечајците од „Треска“

Вчера, Левица – Центар заедно со граѓаните на Општина Центар и градот Скопје, како и стечајните работници од некогашната фабрика ,,Треска” преку протест изразија силно негодување и осуда за севкупниот криминал поврзан со фабриката, од нејзиниот стечај, преку криминалната денационализација, па сè до тековната бетонизација на просторот со изградба на бетонски чудовишта.

Случајот со ,,Треска” ја отсликува целосната слика за континуитетот на антинародните власти во изминатите децении, кои разграбувајќи го заедничкото и угнетувајќи ги работниците, ја наметнуваат мизеријата на обичниот народ со цел ненаситно богатење преку спрегите помеѓу политиката и олигархијата.

Преку населување на над 30 илјади жители во реонот, преку бетонизација на последното слободно место во центарот на градот, се врши урбанистички тероризација на севкупното населние – и ќе служи за своевиден симбол на негрижата на државата кон својот народ, како за работниците на фабриката кои и понатаму ги бараат своите пари и за кои сите власти остануваат неми, така и за сите луѓе врз чии животи изградбата на ова чудовиште ќе влијае.

Минатата година, пратениците од #Левица во Собранието поднесоа предлог-Закон со кој ќе беа обештетени сите стечајци, но партиите на буржоазијата не го поддржаа окончувањето на децениската голгота на работниците. Дополнително, нашите советници во Советот на Општина Центар ќе се заложат за институционално спречување на овој подвиг на урбанистичката, политичката и судската мафија.