Левица: Очајнички и опасен обид на директорот Ален Георгиев да ја прекрие вистината
Реацкија на Левица – ЛО Штип
По вчерашното пратеничко прашање од страна на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, утрово експресно пристигнала наредба од директорот Ален Георгиев да се отстрани предупредувањето дека лифтот во Физикалната терапија во Кежовица НЕ РАБОТИ
Вработените, но и жителите на Штип знаат дека лифтот НЕ РАБОТИ веќе 6 месеци!
6 месеци неподвижните пациенти не можат да ја добијат потребната нега и третман!
Со отстранување на предупредувањето, сега животите на персоналот и пациентите се во опасност од несреќа.
Дополнително, Maja Manoleva, заменик министерката за здравство, вчера во Собранието искажа #бесрамни_лаги, дека лифтот е во функција.
#Лифтот во Кежовица не работи. Левица ги предупредува граѓаните да внимаваат