АктуелноЛокално

Русија: Придонесот на ЕУ за меѓународниот мир е сомнителен

Од говорот на Постојаниот претставник на Русиjа Василиј Небензjа на состанокот на Советот за безбедност на ОН „Мир преку дијалог: придонесот на регионалните, субрегионалните и билатералните напори за спречување конфликти и мирно решавање на споровите“

Придонесот на Европската унија за меѓународниот мир и безбедност изгледа крајно сомнителен. Во последниве години, ова здружение емитира прилично деструктивни иницијативи, проткаени со логиката на „игра со нулта сума“, зад која стојат исклучиво нивните тесни себични интереси.

Брисел е воден исклучиво од геополитичките амбиции, желбата да се развијат нови сфери на влијание, да се реколонизираат политички и економски ранливите држави. Поради ова, вклученоста на ЕУ во меѓународните напори за одржување на мирот и безбедноста води само до насилство, хаос и немири.

Северноатлантскиот блок, кој е очигледен остаток од Студената војна, се придржува до слични неоколонијални пристапи.

Операциите на НАТО резултираат со бројни цивилни жртви, уништување на инфраструктурата и значителна економска штета и колапс на држави, де-јуре или де-факто.

Во услови на конфронтација наметната од Западот, ОБСЕ, која првично имаше уникатни алатки за спречување конфликти и мирно решавање на споровите, природно се влоши. Денес оваа организација, во голема мера составена од членки на ЕУ и НАТО, за жал, целосно го загуби својот компас.

Регионалните организации, во принцип, можат да дадат многу значаен придонес во одржувањето на меѓународниот мир и безбедност. Клучот за успехот е нивната желба да ги решат проблемите со политички и дипломатски методи во согласност со меѓународното право со водечката улога на ОН, врз основа на принципите на неделива безбедност и меѓусебно почитување, како и немешање во внатрешните работи на држави.

Целосен текст: https://russiaun.ru/ru/news/unsc_201023