АктуелноИнтернационално

Гутереш: Судбината на целиот регион виси на конец

Генералниот секретар на OОН, Антонио Гутереш повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас.

Гутереш, говорејќи во Пекинг на форумот „Појас и пат“, го заврши своето обраќање велејќи дека мора да се осврне на она што се случува на Блискиот Исток.

„Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот… за да се олесни човечкото страдање на кое сме сведоци“, рече Гутереш, пренесе Би-Би-Си.

Во продолжение, првиот човек на најголемата светска организација додаде: „судбината на целиот регион виси на конец“.