АктуелноИнтернационално

Брнабиќ: Над 2.000 српски семејства го напуштиле Косово – Ове е хуманитарно прашање

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на самитот на Берлинскиот процес во Тирана, соопшти за разговори на средбата околу ситуацијата во Косово и Метохија и настаните од 24 септември во Бањска. Премиерката истакна дека во Косово и Метохија не постојат основни услови за живот на Србите и ваквата позиција ја окарактеризираше како хуманитарно прашање.

На прашањето дали имало притисок врз неа во врска со настаните во Бањска, таа рече дека немало притисок, туку дека се разговарало за ситуацијата во Косово и Метохија.

Брнабиќ додаде дека на средбата разговарале и за дијалогот и за тоа што следува, како и за Бриселскиот договор согласно кој требаше да биде формирана Заеднцата на српски општини. Таа ги нагласи случувањата на минатогодишниот самит на Берлинскиот процес, кога Курти среде Берлин изјави дека за него Бриселскиот договор не постои и со што беа прекршени меѓународните договори, но за ова никакви реакции од меѓународната заедница.

Брнабиќ рече дека потсетила на се што се случувало пред 24 септември во Бањска, дека Курти ја растурил мултиетничката полиција на северот на Косово. Таа посочи дека не постојат основни услови за нормален живот на Србите и дека бара за тоа да не се разговара како политичко туку хуманитарно прашање и да се обезбедат основни човекови права за Србите и неалбанското население.

Од нејзина страна беше соопштено дека само од мај годинава, 2.000 српски семејства го напуштиле Косово и Метохија и дека вистинското прашање е што треба да направи Европа за да го промени тоа.