АктуелноЛокално

(Видео) Левица: Штипските бранители по втор пат одбиени од страна на општина Штип

Соопштение на Ангеле Михајловски – член на Советот на општина Штип при политичката партија Левица

Почитувани сограѓани,

Иницијативата поднесена од страна на за донесување на одлука за одредени привилегии кон бранителите, учесници во воениот конфликт во 2001 година, по втор пат не доби зелено светло во Советот 

Уште во месец мај оваа година, како советник доставив предлог до советниците во кој беа понудени одредени поволности за штипските бранители, меѓу кои и:

1.Ослободување од плаќање на месечен надоместок за престој во детските градинки за децата на бранителите, учесници во конфликтот 2001 година;

2. Ослободување од плаќање на паркинг на местата предвидени за паркирање кои се под управување на ЈП „Стипион 2011“;

3. Целосно или делумно ослободување од плаќање на комуналии (вода и смет) кон ЈП „Исар“;

4. Целосно или делумно ослободување од плаќање на данок на имот кон Општина Штип, како и ослободување од плаќање на јавен градски превоз.

Тогаш иако декларативно ја поддржаа, од страна на мнозинството советници беше побарано оваа да биде тргната од Дневен ред бидејќи според нив, недостасувале информации потребни за допрецизирање на истата.

Колку е важна оваа тема за актуелната локална власт кажува и податокот што и после 4 месеци од поднесувањето на оваа иницијатива на Левица, никој од локалната самоуправа не се заангажирал во меѓувреме да ги побара тие дополнителни податоци и информации од релевантните институции.

Напротив, мнозинството советници предводени од коалицијата на Вмро-Дпмне во Советот, на последната седница, ноншалантно ја изигнорираа оваа иницијатива, со што уште еднаш се покажа незаинтересираноста кон оваа категорија на граѓани.

Упатуваме апел до Локалните власти да си ја сработат работата за која се платени од страна на граѓаните на Општина Штип и на следната седница на Советот оваа точка задолжително да биде ставена на Дневен ред.