Мојсоска: Широката коалиција СДС-ДПМНЕ веќе функционира во општините
Во гостувањето на емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, Генералниот секретар на Левица – Јована Мојсоска зборуваше за тоа дека со појавувањето на Левица на политичката цена, во општините каде полека СДСМ и ДПМНЕ ја губат својата моќ, се соочени со ситуација да влегуваат во коалиција.
,,Нашата главна препознатливост е нашата НЕПОТКУПЛИВОСТ. Веќе во пола општини имаме широка коалиција, каде СДС и ДПМНЕ заедно имаат мнозинство.“
Во продолжение Мојсоска додаде дека овие две партии немаат проблем меѓусебно да се договорат позади свената и да функционираат координирано, додека пред очите на јваноста се прави само обична драма.
„Тоа докажува дека овие две партии побрзо ќе седнат и ќе се договорат меѓу себе – затоа што знаат дека со нас нема договор за непринципиелни работи!”