Левица ги поддржува протестите на лозарите

  • Соопштение на Левица – ЛО Кавадарци

Постојано го артикулираме манипулативното менување на условите во корист на олигарсите и сопствениците на капиталот, на сметка на опресија на лозарите и семејните производители.

Левица смета дека главните придвижувачи на оваа гранка се всушност малите производители на грозје, кои даваат автентичност на Тиквешкото производство! Власта на СДС досега сите измени ги донесуваше за да ги прекине и онака оскудните поволности за малите производители!

Затоа, ги охрабруваме жителите на Кавадарци, Неготино и Росоман да излезат рамо до рамо со своите сограѓани на натпартиски протест оваа среда (11.10.2023) во 10 часот кај месноста „Ило Виларов“ за блокада на регионалниот пат Кавадарци-Неготино!

Подготвени сме да им помогнеме на организаторите во артикулација на барањата и апелираме на департизација на здруженијата на лозарите! Само така ќе бидат постигнати нивните цели!