Русија обвини дека власта во Македонија механички поддржува санкции кои се изработени без нејзино учество

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова реагираше за придружувањето на Црна Гора и Македонија кон антируските мерки на ЕУ.

„Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеф Борел, на 30 март, соопшти дека голем број држави што не се членки на ЕУ се приклучиле кон антируските санкции на Европската унија, измислени во Брисел во врска на т.н. случајот “Навални“. Забележително е дека меѓу земјите чиешто непријателско однесување веќе долго време не’ изненадува се најдоа и Македонија и Црна Горa.”, објави Захарова.

Таа дополна дека и од Скопје и од Подгорица, добиле уверувања за желбата за развој и зајакнување на нормалните односи со Русија.

„Оттаму велат дека се подготвени да работат на создавање на потребните услови за ова. Истовремено, се обидуваат некако да ги објаснат причините зошто порано „морале“ да се движат во русофобската западна насока. При тоа, се повикуваат на наводниот императив дека оние кои сакат да влезат во ЕУ треба да ги следат нејзините надворешно-политички одлуки и упатства. Со други зборови, треба механички да поддржуваат чекори, кои беа изработени без нивното учество. Внимателно ги следиме обидите на македонските и црногорските партнери да ја дефинираат нивната политика во однос на Русија.

За жал, т.н. „Солидарноста на санкциите“ што ја покажаа Скопје и Подгорица уште еднаш ја открива недоследноста и зависноста на нашите балкански колеги. Секогаш сме отворени за искрен, рамноправен дијалог врз основа на взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси. А потрошувачко однесување и незгодно маневрирање за решавање на проблеми на моментална политика во корист на „сојузништво“ со трети земји само ја поткопуваат довербата и секако не го стимулираат развојот на билатералните односи со Русија.” – потенцира Захарова.

За овој случај реагираа и од политичката партија Левица, од каде соопштија дека неконзистентното однесување на македонските власти во односите со Руската Федерација продолжува. Тие потсетија дека Руската Федерација донираше вакцини за Република Македонија, со цел да помогне во справувањето со пандемијата.

„Денес, удоволувајки им на западните вазали, Македонија се приклучи кон анти-руските санкции. Потсетуваме дека, од македонска страна ова не е прво приклучување кон анти-руските санкции на САД и ЕУ.” – потенцираа од Левица,

Неконзистентното однесување на македонските власти во односите со Руската Федерација продолжува. Во последните неколку…

Posted by Левица – Сектор за Надворешна Политика и Безбедност on Friday, 2 April 2021