Мојсоска: Зошто молчи ДПМНЕ?
Пишува: Јована Мојсоска – член на Президиумот на политичката партија Левица
Во стратегиите за енергетика, изградбата на ХЕЦ Чебрен се проценува на 600 милиони евра. Нашето најголемо енергетско богатство Чебрен е продаден на Грците за 1 милијарда евра (баш кога Ципрас го посети Заев).
За споредба, почетна сума на проектот за Коридорот 8 е 1.3 милијарди евра (без стандардните анекси). Како државата нема пари за Чебрен, кој е единствен проект со капацитет да го олесни работењето на РЕК – а има пари за корумпираниот проект на ,,Бехтел и Енка”?!
Стратегиите за проектот Чебрен се изработени и дефинирани од МАНУ. Зошто МАНУ молчи пред најголемата енергетска катастрофа која ѝ претстои на Македонија?
И уште поважно, зошто молчи ВМРО-ДПМНЕ?