По реакцијата од Левица суспендирана е негувателката која давала електронски цигари на децата во Велес

Негувателка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало. За овој скандал со реакција за јавноста соопштија од Локалниот огранок на Левица од Велес.

„Несовесна негувателка В.И. кога останала насамо со децата во занимална на неколку 5 годишни дечиња од групата им понудила едно по едно да пробаат од нејзината електронска цигара, а децата од љубопитност пробале“ – стои во реакцијата на Левица.

По реакцијата од партијата оваа вест се прошири на медиумите и стана една од најкритикуваните информации, а подоцна и самата директорка на градинката го потврдила случјаот и кажала дека негувателката е суспендирана, по што е покрената дисциплинска постапка.

„Информацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјави Маја Велинова директорка на градинката.