Џафери доби нова претставка до Антидискриминаторската комисија од Апасиев и Левица
- Претседателот на Собранието Талат Џафери доби нова претставка до Антидискриминаторската комисија од пратениците на Левица, Ова го соопшти Димитар Апасиев на социјалните мрежи. Причината за ова е одзeмањето на правото за поставување на Пратенички прашања на Пратениците од редовите на Левица од страна на Талат Џафери, кој континуирано и намерно го крши деловникот за работа на Собранието. Во прилог ви го пренесуваме соопштението од Апасиев:
Пратенички прашања се уставен инструмент за контрола од страна на законодавната врз извршната власт.
Со императивна норма е предвидено дека се одржуваат еднаш месечно (секој последен четврток во месецот).
Во мандатот на овој парламентарен состав, од 38 месеци – Талат има свикано само 24 пленарни седници за поставување пратенички прашања!?
Од тие 24 седници, пратеник на Левица имал право да постави прашање само на 11 седници (поради нефер практики на спикерот при составување на редоследот на говорници)!
Затоа, пратениците на Левица поднесовме претставка до Антидискриминаторската комисија против претседателот на Собранието, заради утврдување индиректна дискриминација по политичка основа.
После тоа, следува и едно тужбиче, прописно.