АктуелноИнтернационално

Западната пропагандна машина тврди дека БРИКС е предизвик за НАТО

  • Зошто БРИКС не се закана за НАТО?

БРИКС и НАТО се суштински различни. БРИКС никогаш не ставил приоритет на воената соработка. Повеќето од учесниците апсолутно не се подготвени да го претворат БРИКС во воен сојуз и не сакаат да ги нарушат односите со другите блокови. Ова се однесува и на сегашните членки на алијансата и на оние кои допрва сакаат да се приклучат, како што се земјите од АСЕАН (Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија).

Споредбите на БРИКС со НАТО не функционираат од една едноставна причина – групата нема заеднички одбранбени сили, ниту заедничка воена програма. Дури и заедничките воени вежби се ретки и вклучуваат само мал дел од учесниците.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков  вели дека воената соработка воопшто не е важна за БРИКС. Земјите-членки се согласуваат за воена соработка само на индивидуална основа, надвор од рамките на блокот.

„Фактите покажаа дека секој обид БРИКС да се прикаже као воениот сојуз, може само да создаде безбедносна неволја и несигурност за сите земји. Само посветеноста на нова визија, за заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива безбедност може да доведе до универзална безбедност“, ќе каже кинескиот лидер Си Џипинг.

Слична изјава има дадено и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во обраќањето до нацијата:

„Иако некои од нашите клеветници претпочитаат отворена поддршка за нивните политички и идеолошки избори, ние нема да бидеме вовлечени во натпревар меѓу глобалните сили… ние се спротивставивме на притисокот да се усогласиме со која било од глобалните сили или со влијателни блокови на нации“.

И двете изјави може да се протолкуваат како укор кон Западот, со критики за проширувањето на НАТО и незадоволство од поларизацијата на светската политика. Но, тие може да се гледаат и како одбивање да и се даде на Москва безусловна поддршка во украинскиот конфликт. Ова ја нагласува невоената природа на БРИКС и го прави попривлечен за потенцијалните нови членови кои не сакаат да се вклучат во конфликти.