АктуелноЛокално

Трајковски: Уништување на земјоделски земјишта за приватните фирми блиски до НАТО

– Фејсбук статус на Гаврил Трајкоски – Советник од Левица во Општина Битола

Предупредив дека во Битола и Пелагонија ќе бидат уништени земјоделски површини со цел профит на фирми блиски до СДС и ДПНЕ.

Вчера беше отворена фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, инаку најголема во Македонија и воопшто на Балканот. Преку „Меј Енерџи“ и како краен сопственик е „АТС Гроуп“ една од најголемите компании отворени како нови инвестиции во последно време во земјата.

Сопственик на „АТС Гроуп“ е Шефкет Демировски кој беше осомничен за кражба на индустриска сопственост.Тој и уште тројца српски државјани се осомничени за илегално откупување на документација која се води како воена тајна, а се однесува на машини за правење на куршуми за снајпер, која потоа би се искористила за добивање комерцијална предност.

А неговата фабрика во Македонија, инаку една од најголемите по приходи и извоз, произведува воена опрема по НАТО-стандарди, најмногу за потребите на Турција.
Бенефициите од НАТО

Уништување на земјоделски земјишта за приватните фирми на бизнисмените блиски до НАТО да ја експлоатираат оваа земја!!!

Линк од излагањето пред година дена