Петковиќ: 11 отсто од Србите на Косово се преселиле во централна Србија, ова е прогон и етничко чистење

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на прес-конференцијата зборуваше за доказите кои ги побиваат лагите на Приштина.

 „Во првиот одговор ни кажаа дека обдукцијата е завршена и дека се работи за претставник на ЕУЛЕКС. Нас нè интересира за кого се работи, на која обдукција присуствувал.. Во одговорот што ЕУЛЕКС го испратил во Белград, велат дека обдукцијата е извршена на 26 септември, на изводите од смртта што ги добиле семејствата, пишува дека е извршена на 25 септември. Некој овде сериозно лаже, или ЕУЛЕКС или Приштина. Затоа е клучно да го видиме извештајот од обдукцијата на ЕУЛЕКС“, изјави Петковиќ.

Има многу лаги според него. Најпрво кажале дека станува збор за 30, 40, а сега велат дека 90 луѓе биле во Бањска.

 „Прво рекоа дека полицаецот е убиен, а сега дека е убиен од експлозив. На сите им е јасно дека Курти сака да изврши етничко чистење. Околу 11 отсто од Србите од Косово и Метохија се преселиле во централна Србија. Прогонот и етничкото чистење се на дело, затоа е важно ЕУЛЕКС да ја преземе својата должност и да реагира согласно својот мандат, а не само неразбирливо да ни одговараат“, вели Петар Петковиќ.