Започна уништувањето на земјоделските површини во Пелагонискиот регион
- Фејсбук статс на Горан Велески – советик во Битола од Политичката Партија Левица
Од денес, официјално започна уништувањето на земјоделските површини во Пелагонискиот регион во соработка на Владата и општинските градоначалници.
Едните од СДС, другите од ДПМНЕ, учествуваат во правната разврска и неадекватното непочитување на законот за категоризирање на земјоделска површина.
Наменски, во општините, плодното земјиште се уништува со одлука на Совет во Општините, а се воведува нова категоризација на земјиштето од втора или трета категорија, со цел да се задоволат апетитите на поединци!
Плодното земјиште е ставено во ниска категорија од пониска класа, за да можат олигарсите да профитираат и да ги дисквалификуваат земјоделските површини за фото-волтаичен систем.
Наспроти, Мариовски Рид кој е адекватен за оваа ситуација и кој има големи предиспозиции за ваков систем е занемарен.
Ваквата инфраструктурната дејност не им е исплатлива и го бараат полесниот корумпиран пат за лесен профит во штета на земјоделците кои полека ги уништуваат!
Полесно е да ги платиш овие владино-општински структури или треба да клатиш !