Тие кои заработуваат на маката на народот да се оданочат – за нив профит за луѓето физиолошки раствор

– Дел од гостувањето на портпаролот на Левица Амар Мециновиќ во ,,Тешки муабети”:

,,Прво, не се зборува како се полни нашиот буџет, тој генерално се полни со данок на додадена вредност – не со данок на доход, т.е. на конзумација. Ние буџетот го полниме според тоа колку нашите граѓани конзумираат вусшност. Второ, на дебатите за реформи на даноците, таму каде СДС ужива да ветува даночна реформа и цело време да не ја спроведува, сме давале конструктивни предлози во Министерството за финансии.

Пред се, треба да се реформира начинот на кој се полни буџетот. Луѓето кои заработуваат од инфраструктурата на Република Македонија треба да го платат тоа, не нивните профити да одат до недоглед! Тие што заработуваат од нашите граѓани, што го користат нашиот пазар и и инфраструктура – треба да вратат на тој народ, таа инфраструктура и на тој пазар.

Затоа треба да почнеме да ги оданочуваме луѓето кои најмногу заработуваат на маката на народот. Да бевме во Данска и да зборувавме за даноци многу ќе беше релаксирана оваа дебата, па ќе влегувавме во апстракции. Не, во Македонија е многу јасно се случува. Се оди на максимално угнетување на економскиот потенцијал на луѓето и на секој можен начин да се земат парите и потоа да се извадат во странство. Децата на тие елити не живеат во Македонија, тие студираат во странство и ги уживаат тамошните благодети.

Дали тие луѓе се лечат на Клиниката за Онкологија кога ќе дојде до тоа? Тие воопшто не одат низ клиниките на државното здравство. Но, нашите луѓе кога ќе им згусне таму ќе отидат и ќе добијат физиолошки раствор наместо лек – затоа што и таму има некој кој сака да профитира и да се збогати.”http://<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FPartijaLevica%2Fvideos%2F290920190397828%2F&show_text=false&width=560&t=0″ width=”560″ height=”314″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>