АктуелноЛокално

Мециновиќ: Советници од СДСМ и ДУПМНЕ кои не користат гратски превоз ја блокираат набавката на автобуси во Град Скопје

Советникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, во вчерашната епизода на “Тешки муабети” ја коментираше блокадата во Советот на Град Скопје од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за набавката на нови еколошки автобуси за ЈСП.

Според него партии кои 30 години ја задолжуваат Македонија, не можат да зборуваат за задолжување кое е домашно, додека потреба од подобар градски превоз во главниот град е огромна.

„Многу е интересно како советници од партии кои ја задолжиле Македонија, сега сме скоро пред девет милијарди евра долг, сега зборуваат за задолжување, а задолжувањето за набавка на автобуси за ЈСП е задолжување во домашна банка. Пет-шест месеци пробуваме да ја донесеме таа одлука, градските власти пробаа да го решат проблемот, а дефинитивно е потребно окрупнување на капацитетите на ЈСП“, вели Мециновиќ.

Портпаролот на Левица додаде дека Советниците од Град Скопје се надвор од реалноста и немаат претстава за тоа со какви проблеми се соочуваат граѓаните со градскиот превоз, заради тоа што никогаш и не го користеле.