Промоција на книгата „Црвена месечина“ во Културно Информативниот центар – Скопје
Во сабота, 30 септември со почеток од 19:30 часот, во Културно Информативен центар – Скопје, Салон Империјал 1, ќе биде промовирана книгата „Црвена месечина“ од Вера Симовска, во рамките на „Бела ноќ“.
Романот „ЦРВЕНА МЕСЕЧИНА“ е прв роман на писателката Вера Симовска, која до сега во литературната јавност се пројавила со книги поезија и книга текстови – паренези. Доколку би ве заинтересирала приказна за една „женска судба“ од минатиот век но актуелна во секое време, повелете и приклучете се на настанот. Промотор Д-р Лидија Давидовска Водител на настанот Соња-Поповска Трајковска Делови од книгата чита самата авторка.
Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028