Престрелката во Косово како резултат на угентувачката политика на Курти и НАТО

  • Реакција на Левица – Сектор Безбедност 

Група на 30 вооружени лица на 24ти септември се забарикадираа во Српски Православен манастир во близина на селото Бањска во регионот со мнозинско српско население. Престрелката завршува со мртов припадник на косовската полиција, додека полицијата на Курти убива тројца членови на маскираната група.

Желбата на Србите во Косово е да создадат асоцијација на општини со мнозинско српско населние- иронично, Косовските власти го отфрлаат ова со оправдување дека земјата ќе се подели по етнички линии.

Евентот е директен резултат на агресивната политика на косовските власти да го притисне Белград да ја признае независноста на Косово, како и непрекинатите обиди целосно да се протераат преостанатите Срби од територијата на Косово. Имено, тензиите помеѓу етничките Срби и Албанци се разгореја во доцен мај годинава, кога во мнозински српски територии во северно Косово беа избрани Албански градоначалници. Стапката на излезеност во овие територии во април беше само 3,47%, бидејќи Србите го бојкотираа гласањето.

Во 2023, трансатлантската воена алијанса на НАТО задржува 3.700 мировни трупи на Косово. Во престрелката не беа присутни ниту КФОР, ниту Еулекс- само полицијата на Албин Курти.

Според Ковачевски, ова е нечија “агенда со цел регионот повторно да се види како регион на немир и кавга меѓу соседите”. Доцна во вечерта на 24ти, на социјалните мрежи се појави слика од 10тина лица држејќи порака пред Албански знамиња на плоштадот Скендербег во Скопје. Пораката гласи “Долга река Ибр, крв од Планина. Две глави има орелот, а една е Митровица“. Во јули оваа година, во центарот на Скопје беа испишани неколку пораки како “F*ck Serbia”, “F*ck Macedonia”, како и “Македонци ќе ве убиеме”. Иако МВР објави дека е покрената истрага за ова дело, сеуште не се знае кој е сторителот.

 

Линк до објавата: https://www.facebook.com/photo/?fbid=329903922957250&set=pcb.329904199623889