Војничкиот синдикат e незаводоволен од новиот закон

Во новодонесениот Закон за вработените во одбраната и во колективниот договор не беше внесено ниту едно од нашите барања и предлози, ниту во однос на Законот, ниту за колективниот договор, реагира Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) со соопштение.

Од НСПВ посочуваат дека имале едно барање за Законот за вработените во одбраната, а тоа е професионалните војници со високи образование да ги пополнат испразнетите места во МО, со што, како што наведуваат, ќе се вреднува и образованието и трудот на професионалните војници.

Колективниот договор, се вели во соопштението од НСПВ, на хартија е едно, а во реалност е друга ситуација. Тие тврдат дека сè уште селективно се исплаќаат прекувремените и ноќните часови, нема хранарина, нема исплата на патни трошоци, а има намалени синдикални права за заштита на синдикалните претставници, се наведува во соопштението.

„На професионалните војници им е сопрена исплатата на отпремнината за прекин на работниот однос по однос на наполнување на 45 години со изговор дека е изборен период“ – се вели во соопштението од НСПВ.