АктуелноЛокално

Омилената градежна компанија на СДС ја остави улицата „Михајло Бочваровски‘‘ во хаос

  • Реакција на ЛО Левица Ресен 

Пред неколку месеци, локалната власт од ДПМНЕ и Министерството за транспорт и врски најавија целосна реконструкција на улицата Михајло Бочкароски. Ги донесоа машините, поставија сигнализација и како за секој проект на оваа влада се промовираа.

Откако се ископа стариот асфалт, ангажираната компанија “СТЕНТОН градба” ја повлече својата механизација и го остави ова место руинирано со дупки и во ПОЛОША ситуација од што беше. Локалното население е принудено да живее во кал поради неодговорноста на властите.

Иако во минатото токму од ДПМНЕ обвинуваа дека “Стентон градба” е фаворизирана од СДС за добивање тендери, сведоци сме како оваа компанија е ангажирана во општините предводени од ДПМНЕ. Токму оваа партија (не така одамна) обвинуваше дека “Стентон градба” е блиска до кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДС.

Очигледно е дека широката коалиција на СДС и ДПМНЕ непречено функционира и на локално ниво, како што многу пати сме биле сведоци и во Собранието.

Прашуваме дали секоја реконструкција на патиштата во Македонија ја има судбината на автопатот Скопје-Кичево? Имаат ли овие тендери рокови или само профитерски комбинации на штета на сите нас?

Градоначалникот ЈОВАН ТОЗИЕВСКИ им должи одговори на жителите кога конечно ќе биде готова улицата и уште колку време населението ќе биде принудено да живее во хаосот оставен од “Стентон градба”.

Линк до објавата https://www.facebook.com/photo?fbid=702395691934870&set=pcb.702395808601525